Изгоре куќа во пожар

21.06.2018 08:58 | KumanovoNews

Во голем пожар  изгоре куќа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Изгоре куќа во пожар

 Како што изјавила сопственичката на куќата Ц.Б. (51) од Куманово, пожарот избувнал околу 15 часот додека таа била излезена и немало никој во куќата. Во огнот изгорела дел од покуќнината.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Во гаснењето интеревениорале четворица пожарникари со едно возило, а интервенцијата траела речиси еден час.

Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk