Изгоре напуштена куќа на „Моша Пијаде“ (видео)

22.11.2023 19:28 | Сузана Николиќ

Во голем пожар попладнево изгоре напуштена куќа на ул. "Моша Пијаде" во центарот на Куманово.

Изгоре напуштена куќа на „Моша Пијаде“ (видео)

Според Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, пожарот кај нив бил пријавен во 17.25 часот, по што веднаш излегле на терен.

„Пожарот во моментот е локализиран, ставен под конторола и сега останува да се доизгасне она што се уште гори. Нема опасност од проширување на околните куќи. Инаку пожарот избувнал во приземјето на куќата и се проширил на катот и го зафатил покривот. Интервениравме со три возила и 9 пожарникари, кои се уште на терен“, кажа комадирот Деан Илиевски.

Инаку запалената е во густо населена населба, што предизвикала паника кај соседите дека пожарот може да се прошири.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk