Изгоре куќа со помошни простории, сандаци со пчели и нива со насади во Кокошиње

30.06.2025 08:31 | KumanovoNews

Во голем пожар во саботата изгореле куќа со помошни простории, сандаци со пчели и нива со жито во кумановското село Кокошиње.

Изгоре куќа со помошни простории, сандаци со пчели и нива со насади во Кокошиње

„Во 12.27 часот е пријавено дека во с.Кокошиње, настанал пожар на сува трева, а потоа од пожарот целосно опожарена била куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т.(36), како и сандаци за пчели, сопственост на А.М.(28) и ниви со насади, сопственост на Л.С.(59). Од страна на Територијално противпожарната единица Куманово пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) интервенцијата во с.Кокошиње  траела од 13:40 до 20:35 часот со 3ПП возила и 8 пожарникари.

(Фото: Кумановоњуз)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk