Изгоре куќа во Средорек

26.11.2021 12:52 | Сузана Николиќ

Во голем пожар ножеска изгоре куќа во населбата Средорек. Според МВР, пожарот кај нив бил пријавен во 02.50 часот.

Изгоре куќа во Средорек

„Во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Средорек“ Куманово настанал пожар во куќа сопственост на Ј.О. (42)“, соопштуваат оттаму.

 На терен излегле две возила со екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово, кои го гаснеле пожарот во 4.45 часот. Пожарот бил на непристапен терен со тесни улички.

Во пожарот изгореле три простории, но пожарникарите спречиле да се прошири на околните куќи. 

Причината за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдува.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

(фото.архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk