Изгоре мерцедес во Куманово

04.06.2018 13:27 | KumanovoNews

Во голем пожар вчера напладне изгоре автомобил мерцедес во населбата „Перо Чичо“, при што едно лице се здобило со изгореници.

Изгоре мерцедес во Куманово

Од засега непознати причини во 12.30 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, пожар избувнал во паркираниот автомобил со кумановски регистарски ознаки.  Возилото целосно изгорело во пожарот.  Во обид да го изгасне пожарот И.Т.(33) се здобил со изгореници.

Од страна на екипа од Територијална противпожарна единица Куманово, пожарот бил изгаснат.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk