Изгоре мотор на “форд мондео“

08.01.2015 13:42 | KumanovoNews

Изгоре мотор на автомобил “форд мондео„ денеска околу 14 часот, во близина зградата на ЕВН во Куманово.

Изгоре мотор на “форд мондео“

Автомобилот се запалил во движење, но присебноста на возачот и граѓани кои притрчале да помогнат, спречиле автомобилот целосно да изгори.

 “Не знам кои се причините, од што се запали автомобилот. Многу се исплашив. Во автомобилот бев сам. Излегов надвор и  зедно со уште петмина граѓани не успеавме да ја отвориме хаубата. Повикавме пожарна, која дојде веднаш и го изгаси пожарот“ - вели возачот Газменд Рамадани.

Пожарот е локализиран со едно возило и петмина пожарникари.

“Огнот веднаш е ставен под контрола. Некои од граѓаните веќе интервенирале со противпожарен апарат“ - рече Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.

Истрагата ќе утврди која е причината за пожарот и колкава е матерјалната штета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk