Изгоре планинарскиот дом во селото Малотино

14.09.2011 14:10 | KumanovoNews

Планинарскиот дом во селото Малотино и околу 15 објекти, главно куќи, плевни и помошни простории,  изгореа во големиот пожат што веќе втор ден беснее на планината Козјак, на македонско-српската граница.

Изгоре планинарскиот дом во селото Малотино

Силниот ветер постојано го разгорува огнот, кој веќе се проширил и на територијата на соседна Србија, а се спушта и кон селото Пелинце.

Најавената помош  за воздушно гаснење на пожарот од страна на Дирекцијата за заштита и спадување, до пладневните часови не стигна, а со огнената стихија се борат противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане и месното население. Градоначалникот Миодраг Јовановиќ уште еднаш побара помош од државата, бидејќи тие самите не можат да го стават пожарот под контрола, поради непристапниот терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk