Изгоре помошен објект со добиток

02.08.2017 10:38 | KumanovoNews

Ноќеска, во 03.20 часот во кумановското село Кшање, во помошни објекти од куќата на С.Н. (63) избувнал пожар при што биле изгорени 14 прасиња, 60 кокошки и казан за ракија.

Изгоре помошен објект со добиток

При гаснење на пожарот, сопственикот С.Н. се здобил со површни изгореници во пределот на рацете и лицето.

Од екипа на Територијална противпожарна единица пожарот бил локализиран. Увид ќе се врши во текот на денот за да се утврди причината за пожарот и матерјалната штета.

                                                                        (фото архива: Кумановоњус)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk