Изгоре приземје од куќа во Куманово

12.12.2024 20:54 | KumanovoNews

Во голем пожар вчера изгоре приземје од куќа во кумановската населба „Карпош“.

Изгоре приземје од куќа во Куманово

Според МВР, пожарот избувнал пред 16.00 часот во куќа сопственост на Г.Д., на улицата 105 во Куманово. 

Од екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. 

„ТППЕ Куманово  бележи една интервенција на опожарена семејна куќа во нас. Карпош на ул. 105. Интервенирано во 16,05 часот со 1 ПП возило и 5 пожарникари. Опожарен бил приземниот дел на објектот. Пожарот е локализиран и завршен во 18,00 часот. Причинета е поголема материјална штета, која како и за причината за пожарот допрва ќе се утврдува“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

(фото.архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk