Изгоре продавница за мобилни телефони

23.01.2015 08:55 | KumanovoNews

Во голем пожар завчера попладне изгоре дуќан за поправка на мобилни телефони на улица “Христијан Карпош“ во Куманово.

Изгоре продавница за мобилни телефони

Објактот се запалил  по 15 часот, додека дуќанот бил затворен и внатре немало никој.  Пожарот го забележал братот на сопственикот, кој живее на истата улица, и повикал пожарна.

“Одоздола чадеше, кога дојдов поблиску да видам за што се работи внатре нешто експлодираше и ме турна два - три метри назад. Излогот цел се скрши. Внатре се е оштетено, се изгоре: инвентарот, робата и инсталацијата. Од пожарна многу брзо дојдоа, беа многу ефикасни и го изгаснаа пожарот“ - вели Сељами Реџепи, брат на сопственикот на работилницата.

Причините за избувнување на пожарот и причинетата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk