Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар попладнево изгоре стан на улицата „Среќко Пужаљка“ во центарот на Куманово.
Пожар избувна околу 16 часот во стан на приземје во зграда спроти училиштето „Крсте Мисирков“.
Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.
Во пожарот нема повредени лица. Целосно е изгаснат околу 18.30 часот“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски.
Причината за пожарот ќе ја утврди екипа на полицијата која извршила увид.
Станот кој се запалил бил запуштен и затрпан со смет.
(фото. архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk