Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар вчера изгоре трло во селото Добрешане, во близина на Искрин мост.
Како што ни изјавија од Противпожарната единица Куманово, пожарот кај нив е пријавен во 13.30 часот, по што со 3 возила и 6 пожарникари веднаш излегле на терен, и 5 часа се бореле со огнената стихија.
Во трлото имало 450 овци, кои пожарникарите успејале да ги извадат и да ги спасат. Пожарот бил ставен под контрола во 18.10 часот. Покрај објектот во пожарот изгорело жито и храна за добитокот.
Матерјалната штета допрва ќе се утврдува. Увид извршила полицијата која треба да ги открие причините за пожарот.
(фото архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk