Изгореа десет хектари сува трева во Бељаковце

27.06.2014 12:56 | KumanovoNews

 Во село Бељаковце, во пожар, денеска изгореа околу десет хектари сува трева.

Изгореа десет хектари сува трева во Бељаковце

Пожарот избувнал околу пладне, а ликализиран е по  14 часот и нема причинета материјална штета.

 - Гореше сува трева и нискостеблести растенија во близина на куќи.  Пожарот е локализиран со едно возило и двајца пожарникари од кај нас и екипа од Старо Нагоричане со теренско возило “лада нива“ и четворица пожарникари - вели Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.

Илиевски вели дека периодов имаат една до две интервенции дневно, но по завршување на жетвата се очекува да има поголем број на пожари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk