Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Огромна материјална штета, од околу 20,000 евра, е причинета при пожар на два помошни објекти во селото Конопница, Кривопаланечко, кој се случил вчера околу 13 часот.
Покрај помошните објекти, во пожарот целосно изгорела и сета опрема и стока која била складрана внатре.
Сопственикот бил трговец и земјоделец, кој во помошните објекти ја чувал стоката за продажба и машините за обработка на нивите, па така целосно се уништени култуватор, мотори за дрва, казан за ракија, машинска и дрвена граѓа, 400 кг грав, текстил, керамика и други производи.
Од пламените јазици било зафатено и патничко возило, кое исто така целосно е уништено.
Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Крива Паланка, која учествувала во гаснењето на пожарот со 9 пожарникори, било спасено нанесување на поголема штета на семејната куќа, која се наоѓа во близина.
„Во семејната куќа се наоѓала болната и тешко подвижна мајка на сопственикот, но за среќа соседите навреме ја извлекле. Од пожарот е зафатен само крвот и прозорците“, вели командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцески.
Причината за пожарот не е утврдена , а увидна екипа работи на терен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk