Изгореа над 10 хектари жито во Младо Нагоричане

11.07.2018 15:10 | KumanovoNews

Над 10 хектари пченица денеска изгоре во селото Младо Нагоричане во м.в. Слатино. 

Изгореа над 10 хектари жито во Младо Нагоричане

Според очевидци, пожарот избувнал во 15 часот, додека комбајн жнеел на нивата. Поради високите температури пожарот брзо се проширил и го пеплосал целиот род.

Веднаш била повиката противпожарната служба,  пристигналe две возила од Старо Нагоричене и Куманово, кои успејале да го изгаснат огнот до 17 часот. На помош притрчале и селаните, кои со трактори ги изорале нивите за да не се прожири пожарот и на соседните имоти.

Нашиот извор посочува дека според слободна проценска изгореле околу 40-50 тони жито, кое било многу квалитетно, што се проценува штета близу 500 илјади денари.

 Случајот е пријавен во полиција, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk