Изгореа стари дрвени прагови на Железничката станица во Куманово

21.03.2024 15:51 | KumanovoNews

На Железничката станица во Куманово синоќа се запалиле 15 дрвени прагови од пругата, поради што интервенирале пожарникари на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Изгореа стари дрвени прагови на Железничката станица во Куманово

„Со едно возило и четири пожарникари е интервенирано од 19.35 до 20.35 часот на Железничката станица во Куманово. Изгаснати се 15 дрвени прагови, кои биле отстранети од пругата и се неупотребливи. Направена е материјална штета“,  истакна командирот Деан Илиевски.

Железничкиот товарен сообраќај не бил во прекин, информираат од Македонски железници- инфраструктура.

 Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура велат дека изгореле триесетина прагови.

И во 2019 година беа запалени старите прагови покрај Железничката станица во Куманово, но тогаш пожарот зафати голема површина и пожарот беше од големи размери, поради што се гаснеше цел ноќ.

(Фото: архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk