Во голем пожар изгореа три бараки во Романовце

28.02.2024 18:56 | Теодора Стоевска

Три бараки изгореле во голем пожар што синоќа избувнал во селото Романовце. 

Во голем пожар изгореа три бараки во Романовце

„Во 22.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај излезот за с. Романовце, кумановско, на автопат Скопје – Куманово, настанал пожар во три бараки, сопственост на Д.М. од с.Миладиновци, скопско. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот“, соопшти МВР.

 Од Противпожарната единица Куманово, велат дека пожарот е предизвикан во објект за поволни делови на возила, во пожарот се опожарени бараки, интервенирано е од 22.40 до 01.10 часот со 3ПП возила и 7 пожарникари.

Причина за пожарот како и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk