Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Автомобил во движење се запалил и изгорел на магистралниот пак Куманово - Крива Паланка, на м.в. „Смилчинска кривина“.
Пожарот се случил вчера пред 20 часот, кога било пријавено во СВР Куманово дека село Младо Нагоричане кај м.в. „Смилчинска кривина“, на магистрален пат Крива Паланка – Куманово настанал пожар во патничко возило кое било во движење.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица - Куманово, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Додека траело гаснењето на пожарот сообраќајот бил пренасочен на стариот пат Куманово - Старо Нагоричане.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk