Изготвил фалсификувана потврда за возило

30.11.2015 15:10 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.З.(43) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа.

Изготвил фалсификувана потврда за возило

Т.З. во почетокот на октомври 2015 година изготвил фалсификувана исправа-потврда за возило на моторен погон на барање од А.О.(49) од Скопје, да изврши пренамена на товарно возило „МАН“ за износ од 4.000 денари. Во октомври 2015 година, фалсификуваната исправа била приложена како доказ во Станицата за технички преглед во Куманово и на товарното возило била извршена пренамена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk