Изградба на градинки, бараат жените

20.06.2016 15:29 | KumanovoNews

Изградба на установи за згрижување на деца од предучилишна возраст- детска градинки, за врвен приоритет го сметаат жените што учествуваа во проект, со какви проблеми се соочува општината Куманово, а го спроведе Женски центар, Жена на 21 век Куманово.

Изградба на градинки, бараат жените

Овој проблем се провлекува со години и општината го има вметнато во својата програма, но со години не може да го реализира поради финасиските проблеми.

„Има голем број на деца кои имаат потреба од сместување во вакви установи, но поради малиот капацитет неможат да се згрижат. Општината работи на овој проблем, па на совет е донесена одлука да се зголеми капацитетот на групата на дури 40 деца, што е голем број за една група со мали деца. Планирано е изградба на нови градински во „Перо Чичо„ и Доброшане, како и доградба на градинката Синоличка. Заедно со УНИЦЕФ во училиштето во Иго Тричковиќ отворен е Центар за ран детски развоја, - рече Лидија Илиевска.

Други проблеми со кои се сочуваа жените, се немање на тротоари на улиците, изработка на пристапни рампи, санирање на улиците, поправка на уличното осветлување, поголемо вработување на жените, пристап до вода за пиење, потреба од шелтер центар за жените што се жртви на семејно насилство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk