Изградба на зграда измести дел од „Тане Георгиевски„

07.05.2014 13:06 | KumanovoNews

 Тротоарот на улицата „Тане Георгиевски„ и дел од паркингот пред Центарот за култура ќе станат улица, додека трае изградбата на стамбена зграда на приватното претпријатие Простор од спротивната страна.

Изградба на зграда измести дел од „Тане Георгиевски„

Привременото проширување на улицата се врши со дозвола на МВР, откако предходно било утврдено дека тешката градежна механизација може да ја загрози безбедноста во сообраќајот.

Од како е согледана целокупната состојба и направени се сите проценки и анализи во Министерството за транспорт и врски, дадена е можност за алтернативно решение привремено да се зафати дел од тротоатот и паркингот и со тоа непречено да се одвива сообраќајот. На просторот каде што сега поминува улицата ќе биде поставен кран и бетоњерки, кои ќе работата на изградба на зградата. Кога ќе се заврши со градежните работи, инвеститорот е должен улицата да ја врати во првобитната положба- велат од СВР Куманово.

Денеска просторот зад градскиот часовник се раскопуваше и уредуваше за новата коловозна лента.

Од Општина Куманово велат дека пред да се извади асфалтот тргната е целата инсталација.

 Се одстранува дел од тротоарот се вадат рабници и асфалтот за да се прошири улицата. Претходно се направени подготовки како дислокација на водоводна мрежа и бандери за електрична инсталација. Сообраќајот ќе се одвива непречено во една насока како и до сега,- вели Момчило Јакимовски, помошник раководител во сектор за урбанизам.

Граѓаните денеска изненадени гледаа како се раскопува централното градско подрачје и коментираа дека кај нас се е дозволено кога се работи за јавен простор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk