Изградбата на канализациона мрежа затвори повеќе улици

25.10.2016 13:39 | KumanovoNews

Поради изградба на канализационата мрежа, деновиве, повеќе улици во градот ќе бидат блокирани за сообраќај. 

Изградбата на канализациона мрежа затвори повеќе улици

„Во врска со имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека од денеска ќе се започне со градежни работи на ул.„Прва Петолетка“, ул.Среќко Пужаљка“ и ќе се продолжи со работа на дел ул.„Перо Чичо“ поточно од ул.„Тане Георгиев“ до ул.Кирил и Методиј“. За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на спометаниве локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати. Воедно ги молиме граѓаните за соработка, - соопштуваат од Општината.

Денеска од истата причина во целост беше блокирана и улицата “Братство Единство“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk