Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во село Режановце, денеска беше пуштено во употреба детско игралиште, трето од вкупно 15 кои се градат од донации на членовите на општинската организација на СДСМ.
Игралиштето се наоѓа до подрачното основно училиште „Толи Зордумис“, а освен учениците ќе можат да го користат и сите други деца од Режановце.
„Во разговорот со претседателот на месниот одбор утврдивме дека на децата од село Режановце им недостига детско картче, па го изградивме со цел и овие дечиња да ги имаат условите како во градот. Се надевам дека ја постигнавме целта и со среќа нека им е игралиштето на нашите најмали сограѓани“,-рече претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски.
Костовски најави дека изградбата на детските игралишта продолжува и во населбата „Иго Тручковиќ“, а потоа и во „Гоце Делчев“, а доколку дозволат временските услови, изградбата на сите 15 детски игралишта планираат да ја завршат до крајот на месецот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk