Изградиле паркинг на туѓо земјиште и оштетиле инсталации

03.12.2014 12:45 | KumanovoNews

Шестмина кумановци, узурпирале земјиште и оштетиле инсталации додека граделе паркинг простор за својата фирма.

Изградиле паркинг на туѓо земјиште и оштетиле инсталации

В.И.(28), Ф.И.(22), Ш.И.(50), Ф.И.(43), С.И.(23) и Е.И.(29), сите од Куманово, како инвеститори на објект за монтажа на церади на улица “Железничка“, за кој имале дозвола за градба, узурпирале туѓа површина и на своја рака направиле ископ за паркинг простор. При тоа оштетиле инсталации за јавна употреба на АД “Гама“ од Скопје, при што направиле штета од 1.5 милиони денари.

Пријавените ќе одговараат за узурпација на недвижности и уништување или оштетување на јавни инсталации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk