Изградиле стопански објект на државно земјиште во Радибуш

26.02.2018 12:48 | KumanovoNews

 Сопственици на приватна фирма изградиле стопански објект во селото Радибуш надвор од дозволената градба и узурпирале државно земјиште, поради заработиле кривична пријава.

Изградиле стопански објект на државно земјиште во Радибуш

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Ј.(52) oд Скопје, сопственик и управител на приватна фирма од село Радибуш, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела бесправно градење и узурпација на недвижности, против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење,  против М.Ј. (55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со  бесправно градење, против М.К. (50) од Крива Паланка, раководител на одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина, локален економски развој и јавни дејности во општина Ранковце, како и против М.К. (33) од Крива Паланка, овластен градежен инспектор во општина Ранковце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

С.Ј., правното лице и М.Ј.,  како коинвеститор, во село Радибуш изградиле стопански објект кој отстапувал од одобрението за градење издадено од одделението за урбанизам при општина Ранковце. На тој начин извршиле и  узурпација на земјиште сопственост на Република Македонија. Четврто и пето пријавените со константно пропуштање на должен надзор на изградбата на објектот им овозможиле на С.Ј., М.Ј. и правното лице да ја изведат градбата со помош на физички лица, односно без овластен изведувач. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk