Изгубил контрола на автомобилот и удрил во паркиран автобус, 50-годишен возач жртва во синоќешната сообраќајка

02.02.2023 10:39 | Сузана Николиќ

Г.И.(50) од Куманово е возачот кој синоќа загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во с.Доброшане.

Изгубил контрола на автомобилот и удрил во паркиран автобус, 50-годишен возач жртва во синоќешната сообраќајка

Според СВР Куманово, сообраќајката се случила околу 20.30 часот,  кога Г.И. од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие. 

„Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал. Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија  наредба телото било дадено за обдукција“, соопшти Кумановската полиција.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk