Изгубил контрола на возилото и удрил во дрва и столб

17.02.2019 09:27 | KumanovoNews

На автопатот Куманово - Скопје, ноќеска во 4.40 часот едно лице е повредено откако возилото излеталo од патот. 

Изгубил контрола на возилото и удрил во дрва и столб

Д.В.(37) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрвја и столб.  Возачот се здобил со тешки телесни повреди  и пренесен е во комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk