Излеани реки и поплавени куќи во повеќе кумановски села

07.02.2015 10:04 | KumanovoNews

 Во текот на ноќта излеани се реките во повеќе села во кумановско, липковско и Старо Нагоричане, при што се поплавени повеќе куќи и отсечени неколку селски патишта.




Излеани реки и поплавени куќи во повеќе кумановски села

 Во селото Доброшане дошло до големо излевање на отпадна  вода од канализациска шахта покрај мостот на река Кумановка, додека во населбата Средорек, реката Кумановка поплавила три семејни куќи.

“Сува Река во Агино Село поплави неколку куќи и придружни објекти покрај училиштето. Во селото Габреш однесен е дел од локалениот пат во должина од 10 м, при надоаѓање на вода од дол во близина на селото. Во селото Стрезовце ­реките Петрошница и Пчиња се излеале и поплавиле повеќе куќи. Во селото Довезенце, Крива река повторно се излеа и зафати неколку куќи и придружни објекти, како и земјоделски обработливи површини. Во село Пчиња има зафатено дел од куќите“ - стои во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во општина Старо Нагоричане поради надоаѓање на дол, отсечен е патот во село Канарево, а во липковското село Никуштак од истите причини поплавени се неколку куќи.

Во меѓувреме екипи од Дирекција за заштита и спасување ставаат вреќи со песок на критичните места и ја испумпуваат водата од објектите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk