Излезе од печат „Моите митарства“ на Даница Петровска

20.11.2015 10:10 | KumanovoNews

Излезе од печат збирката „Моите митарства“ на кумановската поетеса Даница Петровска.

Излезе од печат „Моите митарства“ на Даница Петровска

Книгата е издадена со помош на “Дата Песнопој“ од Битола и содржи 50 песни, готска поезија.

Во овој серијал најочекуваната книга со најмистичната поезија е  стихозбирката „Моите митарства“.  Поетски бисер кој навистина ќе остави траги во поезијата на овие простори. Оригинална, посебна , единствена“ - велат од редакцијата на „Дата Песнопој“ од Битола.

Со песната „На ѓердек“ авторката во Битола на конкурс освои награда, Оскар на поезија и доби бесплатно печатење на книга. Како дел од наградата во  фаза на печатење е книгата „Магистрал за неа“. Исто така во Битола, Петровска за книгата „Елегичнa по тебе“ освои награда Книжевен светилник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk