Излезе од печат збирката “Пеј срце“

07.08.2012 07:56 | KumanovoNews

 Претседателката на Друштвото на писатели во Куманово, Божана Трајковска ја издаде својата шеста по ред книга, односно збирка поезија насловена како “Пеј срце“.

Излезе од печат збирката “Пеј срце“

Збирката е поделена во неколку циклуси. Имам родољубна поезија, психолошки песни, а за љубовните да не спомнувам , тие ми се бисери. Годинава земав прва награда во општина Илинден на нивиот конкурс, а сега и на друг конкурс праќам раскази.  Уште четири мои книги се ставени на цд и чекаат да бидат отпечатени. Јас сум фокусирана на поезија и раскази - вели Трајковска.

Стихозбирката “Пеј срце“ ќе биде промовирана во октомври.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk