Излезноста во Куманово до 13 часот 29 отсто

24.03.2013 13:31 | KumanovoNews

Од  Општинската изборна комисија соопштуваат дека до 13 часот правото на глас го искористиле 29 отсто од гласачите.

Излезноста во Куманово до 13 часот 29 отсто

Од две избирачки места имаше приговори. Непознати лица се обиделе да го нарушат избирачкиот процес, меѓутоа се отстранети од полицијата. Навреме се реагирало и избирачкиот процес се одвива нормално - изјави Виолета Арсовска, претседател на ОИК.

До 13 часот во Липково на гласање излегле 25 отсто, а во Старо Нагоричане гласале 42 отсто од гласачите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk