Излезноста во Куманово до 17 часот 52 отсто

24.03.2013 17:40 | KumanovoNews

  До 17 часот правото на глас го искористиле 52 отсто од гласачите, соопштуваат од Општинската изборна комисија во Куманово.

Излезноста во Куманово до 17 часот 52 отсто

Изборите се одвиваат во мирна и фер атмосфера, без инциденти во поладневните часови. - изјави Виолета Арсовска, претседател на ОИК.

Во Старо Нагоричане на гласање излегле 64.76 одсто од гласачите, а во Липково 46,48 од граѓаните го исполниле своето гласачко право. 

Гласањето ќе уште 20 минути, по што ќе бидат затворени гласачките м еста и ќе се почне со пребројување на гласовите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk