Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“ во Кумановскиот музеј

06.10.2022 12:37 | Сузана Николиќ

Во просториите на Музеј Куманово утре во 12 часот ќе биде поставена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“ во Кумановскиот музеј

Изложбата се организира по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Претседателот на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, борец, деец и поборник за самостојност на Македонија, Методија Андонов – Ченто, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ вклучува 200 хронолошки подредени фотографии каде е застапен ликот на Ченто,членови на неговото семејство, негови соработници и има за цел да го следи неговиот бурен живот исполнет со голем број активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО и после смртта”. Изложбата е овековечена и преку фотомонографијата со истоимен наслов збогатена со хронологија на настани и голем број активности на Ченто.

Престојната изложба е во знак на празникот 11 Октомври - Денот на македонското востание.

„Национална установа Музеј Куманово ги поканува граѓаните да ја посетат изложбата која ќе биде поставена од 07. до 19 октомври годинава“, велат организаторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk