Изложба на уметничка фотографија „Ентомо фото фест“ во Центарот за култура Куманово

04.09.2024 14:03 | KumanovoNews

Во фоајето на Центарот за култура Куманово, утре /четврток/ во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија „Ентомо фото фест“.

Изложба на уметничка фотографија „Ентомо фото фест“ во Центарот за култура Куманово

Организатор е фото клубот „Мотус“ на истоименото Здружение за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности.

Пред публиката ќе бидат изложени 30 фотографии на белгискиот автор Џеки Пахјузен.

„Темата на изложбата е чудесниот свет на инсектите. Нивниот биодиверзитет, меѓусебните интеракции, интеракциите со растенијата, животните и човекот. Влијанието и значењето на инсектите во природата, но и за човекот“, се вели во најавата на настанот.

Пахјузен е професионален фотограф кој имал склоност кон ова уметност, но на неа се посветил по пензионирањето. Започнал да се занимава од хоби, а главна преокупација му се природата, архитектурата, спортот, уличниот живот и патувањата. Добитник е на повеќе интернационални награди и почесни признанија, а членува и во меѓународно жири за оценување на фотографии од целиот свет.

Настанот се одржува со поддршка на Општина Куманово, во износ од 10 илјади денари, а под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Изложбата е отворена до 19 септември. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk