Изложба „Фото белешки од Норвешка“ на Драган Тодоровски

14.10.2020 09:07 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов “Фото белешки од Норвешка“ од авторот Драган Тодоровски.

Изложба „Фото белешки од Норвешка“ на Драган Тодоровски

Драган Тодоровски е роден 1962 година. Завршил магистерски студии по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во Министерство за надворешни работи е вработен од 1996 година како негов официјален фотограф, кој во периодот до 2010 е хроничар на најзначајните надворешнополитички активности на македонската држава.

Во периодот од 2015 до 2018, престојуваше во дипломатска мисија во Кралството Норвешка, извршувајќи ја функцијата вршител на должност во Амбасадата на Република Македонија во Осло. Оваа изложба е дел од неговите фото-белешки, снимени во тој период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk