Изложба „Карпино 2022“ во Куманово

08.11.2022 10:39 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики – „Карпино 2022“. 

Изложба „Карпино 2022“ во Куманово

Се работи за реномирана меѓународна ликовна колонија и нејзиното јубилејно издание во организација на Мултимедијалниот Центар – Карпино, Општина Куманово и секако во традиционалната соработка со Центарот за култура.

Јубилејната 20. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2022“ се одржа во „Етно село Тимчевски“ – Куманово во периодот од 17. до 23. август. На колонијата учество земаа 13 уметници од Србија, Америка и Македонија коишто реализираа околу 25 дела.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 17. ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk