Изложба “Класика во рацете на децата“

15.05.2015 09:28 | KumanovoNews

Во основното училиште “Кочо Рацин“ е отворена изложба на тема “Класика во рацете на децата“.

Изложба “Класика во рацете на децата“

Изложбата се организира на иницијатива на учениците од шесто одделение, кои го слушаат предметот класична култура во европската цивилизација.

„Сите нивни ракотворби, цртежи, макети, вајарски дела, сликани вази сакаа да ги претстават пред родителите, професорите и учениците. Секој ученик имаше задача да презентира дел од изложените теми и на тој начин покажаа колку големи познавања имаат од овој предмет. Со изложбата се прикажа целиот труд вложен во текот на оваа школска година, од страна на наставникот Марина Крстиќ и вредните ученици и беше еден вид промоција на овој изборен предмет за наредните генерации“ - изјави Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во “Кочо Рацин“.

Изложбата е поставена во медијатеката на училиштето и ќе трае една недела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk