Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во четврток во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.
На изложбата ќе бидат презентирани преку 30 дела работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт. Двете авторки ќе се обидат да ги претстават своите концепти и истражувања во рамките на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 10.мај, а потоа ќе биде претставена пред љубителите на уметноста во Струмица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk