Изложба “Кумановски графичари 2013“

28.11.2013 10:15 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата “Кумановски графичари 2013“.

Изложба “Кумановски графичари 2013“

На изложбата ќе бидат изложени дела од: Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валетина Илијевска и Симона Јакимовска.

Се работи за биенален проект, а на повикот за учество на изложбата се пријавија седум графичари. На оваа изложба доминира полихромна графика. Дел од уметниците се веќе докажани, а  дел се млади автори.

Изложбата ќе трае до 12 декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk