Изложба „Македонска икона 2011„

19.01.2012 09:00 | KumanovoNews

  Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утревечер ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија “Македонска икона 2011“.

Изложба „Македонска икона 2011„

Оваа колонија работи четири години  во организација на Здружението на граѓани и Фондација “Коледари“ - Куманово. Идејата е да се актуелизира и популаризира македонската икона, како и да се пренесат и разменат искуствата во изработката на овој вид творештво.

Учество на “Македонска икона 2011“ земаа следниве автори: Миглена Прашкова и Мариета Конова од Бугарија, Милиќ Петровиќ ,Србија, и Вера Тодоровска , Јован Тодоровски , Драги Хаџи-Николов Аџи и Мирослав Трендафиловски Мики .

    Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, а ќе биде поставена до 09. февруари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk