Изложба на академскиот уметник Димитар Стојчевски

21.04.2016 10:58 | KumanovoNews

Утре од 20:00 часот во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј - Куманово ќе биде отворена ретроспективна изложба на академскиот уметник Димитар Стојчевски.

Изложба на академскиот уметник Димитар Стојчевски

Изложбата се реализира во соработка со ЛУ Градски Музеј - Крива Паланка. Ќе бидат прикажани повеќе од 40 дела: масла на платно и цртежи работени во последните четири децении.

Димитар Стојчевски е роден 1940 година во Сисак, Р. Хрватска. Училиште за применета уметност – оддел за декоративно сликарство завршил во Скопје 1959, а Академија за ликовна уметност завршил во Белград 1968, во класата на професор Недељко Гвозденовиќ.

Од 1987 еден е од оснивачите на ликовната колонија “СВ. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk