Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 150 артефакти, откриена при археолошките ископувања на мегалитската опсерваторија Кокино, денеска беа изложени во Уметничката галерија во Куманово.
Изложбата “Кокино-тврдина на сонцето“, по повод јубилејот 15 години од откривањето на мегалитската осерваторија, ја отвори министерката за култура Елизабета Камчевска- Милевска.
„Со задоволство ќе истакнам дека во последните 15 години на локалитетот Кокино кој е наше природно и културно богатство се извршија голем број на археолошки истражување кои резултираа со преку 300 наоди од бронзеното време, уникатни предмети со култен карактер кои се многу ретки и кои говорат дека денешниот северен дел од Македонија, за кој што порано се веруваше дека бил далеку од цивилизациските текови, бил составен дел од т.н. медитеранска култура која се развивала околу Егејот„- рече Камчевска Милевска.
Посетителите можат да видат: керамички садови, камени алатки, примероци од најстарите калапи за леење бронза, култни фигуринки и раритени метални предмети. Дел од формите на садовите, како и нивната декорација, се единствени од ваков вид, а нивната уникатност се должи на фактот што се изработени како дарови за светилиштето кое се наоѓа на врвот од овој локалитет.
Директорката на НУ Музеј Куманово, Анита Цветановска, повтори дека со помош на вадин проект ќе уреди патната инфраструктура и придружни објекти за туристички цели.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk