Изложба на цртежи на Љубе Чаловски во Центарот за култура

04.07.2023 11:28 | Сузана Николиќ

Во изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утре вечер/среда/ во 19 часот ќе биде отворена изложба на цртежи на архитектот Љубе Чаловски. 

Изложба на цртежи на Љубе Чаловски во Центарот за култура

Изложбата содржи 30-тина цртежи работени во техниката јаглен на хартија коишто се работени во периодот од последните неколку години.

Љубе Чаловски е роден 1947 год. дипломирал Архитектонски факултет во Скопје 1975 год.  и работел во ГП Пелагонија. 

Поводот за оваа изложба е 20 години од првата изложба во НУЦК “Трајко Прокопиев”- Куманово.

На оваа ликовна изложба се изложени дела со мотиви од просторите и градовите на повеќе меридијани каде авторот градел и престојувал во изминатиот период. Тој повеќе од 30 години бил на Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, Балтичките Земји, Грција и од преубавата Македонија од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник, кои во ризницата се со посебно значење.

Изложбата ќе биде поставена во следните две недели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk