Изложба на цртежи на Мирјана Крстева

26.05.2010 09:18 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе биде отворена изложба на цртежи и слики од авторката Мирјана Крстева Массети, која живее и работи во Гевгелија.

Изложба на цртежи на Мирјана Крстева

 Таа е член на Мултимедијален центар – невладина организација за развој и унапредување на културата, организирање на културни случувања и едукација за уметноста.

Во моментот е претседател на Друштвото на ликовни уметници во Гевгелија. Има учествувано на повеќе групни изложби, проекти и колонии, а има реализирано и неколку самостојни изложби како во Македонија,така и во странство.

Делата ќе бидат изложени во изложбениот салон на Центарот  за култура, а отварањето е закажано во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk