Изложба на цртежи со мотиви од ромската култура

21.11.2014 12:59 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија денеска беше отворена изложба на цртежи со мотиви од ромската култура и традиција, организирана од Национален ромски центар.

Изложба на цртежи со мотиви од ромската култура

Изложбата се состои од повеќе од 30 цртежи, изработени од ученици од Куманово и училиште од скопското село Миладиновци, за да се намалат предрасудите и стереотипите за ромската заедница.

„За нас беше предизвик да направиме една ваква изложба, да ги натераме децата да творат и ликовно да се изразуваат. Темата е зададена од наставниците по ликовно “Колку ги познавате Ромите“. Ова е дел од кампањата “Доста е. Прекинете со предрасудите, запознајте ги Ромите“, - рече Ирфан Мартес, координатор на Младински актив од НРЦ.

Цртежите ги изработија деца од десет училишта и тие се во различни техники.

“Учествувавме со 8 ученици од училиштето “Браќа Миладиновци“. Работевме цртежи стоп за предрасуди, стоп за стереотипи, за поголема дружба со Ромите. Децата се забавуваа, се беше сработено навреме и сме задоволни“ - кажа Симона Јакимовска, професор по ликовно образование во “Браќа Миладиновци“.

Изложбата ја посетија голем број ученици од Куманово заедно со нивните наставници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk