Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, во четврток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики на академскиот уметник и професор Данчо Ордев.
Изложбата содржи дваесеттина слики и е работена во периодот 2012 - 2016 г.
Данчо Ордев е роден на 07.05.1945 година во Скопје.Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Дипломирал на Академијата за Ликовна Уметност (остек сликарство) во Загреб 1969 година. Член е на ДЛУМ од 1973 година. Работел како редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Има реализирано самостојни изложби во Загреб, Скопје, Битола, Струга, Прилеп, Велес, Осијек, Гостивар, Кичево, Струмица, Хелсинки, Брисел. Учествува во повеќе групни изложби, меѓу кои во Загреб, Белград, Скопје, Бања Лука, Струмица, Куманово, Струга, Марибор, Чачак, Зрењанин, Задар, Сараево, Љубљана, Нови Сад, Дојран, Битола, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Њујорк и др. Има повеже награди за ликовно творештво и учесник е на повеќе ликовни колонии во Р. Македонија и надвор од неа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk