Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко прокопиев“ – Куманово, утревечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски.
Се работи за прва самостојна изложба од дваесеттина слики од најновата продукција работена во периодот 2020-2022.
Името „Домашна атмосфера“ е поради предметите кои се наоѓаат на делата, а претставуваат една носталгија и поврзаност кон сопствениот дом и фамилија.
Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живеe и работи во Куманово. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на професорката Славица Јанешлиева, а моментално е на магистерски студии по сликарство кај Јован Шумковски. Најповеќе работи мурали, графити и слики на платна но повремено се користи други техники и правци кои ги нуди уметноста. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и Хрватска.
Коорганизатор и учесник на графити фестивали во Куманово, а има сликано мурали како во градовите низ Македонија така и во Америка, Австрија, Црна Гора.
Прв пат се соочува со уметноста преку цртање графити во Куманово како дете во годините 2010, 2011 и од година во година се зголемува интересот и желбата за графитите да останат негов начин на живот.
Изложбата ќе биде поставена до 18. мај 2022.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk