Изложба на дела на најстарата генерација кумановски сликари

24.11.2019 12:08 | KumanovoNews

Во организација на Националната установа Музеј - Куманово, утре (понеделник) во 19.30 часот, во Уметничката галерија во Куманово ќе биде отворена изложбата „Арт Мемориум“ посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари.

Изложба на дела на најстарата генерација кумановски сликари

Кумановската ликовна публика ќе има несекојдневна можност да ги виде делата на: Трајко Муфтински, Кирил Караџа, Добри Трендафиловски-Добрин, Трајче Јанчевски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Момчило Петровски - Моцо, Момчило Аврамовски, Верољуб Станковиќ, Тане Атанасовски-Гарски, Владимир Величковски-Кумановски, Иван Оцепек и Реџаи Исени.

На изложбата ќе бидат поставени по неколку дела од секој уметник, а на отворањето ќе биде промовирана книга за нивното творештвото со критички осврт кон секој автор поединечно, со текст од Гоце Божурски - историчар на уметноста.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk