Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија во Куманово

21.06.2017 09:17 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена 23. Интернационална кичевска ликовна колонија.

   
Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија во Куманово

 Во прекрасниот амбиент во Куќата на уметноста, далеку од вревата и тешките македонски горештини, во креативна творечка и релаксирана атмосфера од 2 до 16 Јули 2016 година се одржа  23 Интернационална Кичевска ликовна колонија.

Имавме можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на своите ликовни образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор се обидуваа да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ни е помалку позната. Тоа беше комуникација или нова визуелна размена на мислења.

    На 23 Интернационална Кичевска ликовна колонија учествуваа 23 учесници од 13 држави:  Македонија, Израел, С.Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан,  Хрватска, Косово, и Турција. Се изработија 65 нови дела во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника  како и 4 склуптури од метал и  1 скулптура од дрво.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 06.07.2017 год.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk