Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 13 часот ќе се одржи изложба на дела од Лесновска ликовна колонија.
На ликовната колонијата „Лесново 2022“ учество зедоа 14 учесници од земјава и странство и тоа: Дарко Заревски и Ѓоко Антониев од Пробиштип, Димитар Димитров и Александар Поповски од Битола, Новица Трајковски од Скопје, Христина Стојчевска од Крива Паланка, Владимир Темков од Кавадарци, Горан Боев од Кавадарци, Тони Чатлески од Прилеп, Соња Р. Јовановски од Свети Николе, Васил Гаврилов од Велес, Бисер Лапев и Десислава Лапева од Ќустендил, Република Бугарија и Наташа Радосавлевиќ од Белград, Република Србија.
Проектот „Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2022“ е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.
„Лесновска ликовна колонија“ започнала во 1992 година и прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина. Досега учествувале стотина уметници од многу краеви на светот, кои зад себе оставиле свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела.
Организатор на ликовната колонија е Домот на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk